Ждрепката за олимпискиот турнир во Париз сакаше да има потенцијален меч Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал во второто коло, и ова е тениската вест на денот.
Ѓоковиќ и Надал се најтрофејните тенисери на сите времиња според бројот на освоени гренслем титули, и иако веќе се во групата на ветерани, љубителите на тенисот со задоволство би сакале да видат нивна пресметка на терените на „Ролан Гарос“. За да се случи тоа, ќе треба прво на стартот Ѓоковиќ да го елиминира Метју Ебден, а Надал да го го совлада Мартон Фучович.
Србинот е прв носител, не крие дека целта му е да го освои златото, вели дека е поподготвен отколку на Вимблдон, но олимпискиот турнир е специфичен, и Ѓоковиќ досега никогаш нема играно финале.
На патот на Новак до финалето има две „мини“: во четвртфиналето можен ривал му е Стефанос Циципас, а во полуфиналето Александер Зверев кој е актуелен олимписки првак.
На олимпискиот турнир и мажите играат мечеви во два добиени сетови, а не во три добиени како на гренслемите, па тоа отвора можност за повеќе изненадувања.