Што ќе се случи доколку српските олимпијци на Олимписките игри во Париз освојат медал во истото натпреварување како и претставници на Косово, или ако треба да имаат натпревар или борба со некој од Косово?
На тоа прашање во интервју за весникот „Нин“, одговори претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ.
„Мојот став е дека треба одиме на победничкиот подиум, не е српски да се бега. Победи го тој противник од Косово. И тие се други членки на ИОК како сите други. Томас Бах уште во Рио ни се закани ќе нè суспендира или исклучи од членство во ИОК ако одбиеме да играме против нив. Јас и претседателот Вучиќ му го кажав мојот став. Знам дека има луѓе кои се против ова, да бев обичен цивил и јас можеби така би размислувал, Но, верувајте, тоа е единствената исправна работа“, изјави Маљковиќ.