Уште еден тим од Лигата на шампионите се интересира за Миовски!

После Болоња,се јави уште еден клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, а кој сака во своите редови да го донесе Бојан Миовски.

Интерес за македонскиот напаѓач има од Жирона, а малиот каталонски клуб кој беше сензација во шпанската лига минатата сезона, веќе го контактирале Бојан.

Жирона летово останува без нивниот главен напаѓач, Артем Довбик, кој оди во Атлетико Мадрид или Рома. Миовски е опција за Жирона, а во клубот се свесни дека листата на заинтересирани за Македонецот е голема.

Колку што е познато, како кандидати за неговиот потпис се споменуваат и Жирона, Еспањол, Болоња, Џенова и Сандерленд.

- Оглас -

Најнови вести