Во изминативе 12 месеци, Чави Симонс беше еден од играчите кои беа во фокусот. Цела претходна сезона како играч на Лајпциг имаше одлични настапи, а со таа форма продолжи и на Европското првенство во Германија, каде беше еден од предводниците на репрезентацијата на Холандија.
Европските гигати како што се Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед се заинтересираа и покажаа да го водат Чави Симонс во своите редови. Сепак, според тоа што го најавува самиот играч, мали се шансите дека еден од овие три клуба ќе биде негова следна релација.
Се поверојатно е дека Чави Симонс ќе остане уште една сезона во дресот на Лајпциг, каде игра како позајмен играч од Пари Сен Жермен.
„Сагата околу Чави Симонс е пред крајот. Доколку ништо драстично не се промени, фудбалерот останува во Лајпциг и во новата сезона. Холанѓанецот и следната сезона ќе игра во Лајпциг како позајмен играч“, пишува новинарот Филип Хајнце.
🇳🇱🏁 Die Xavi-Saga steht vor dem Ende. Passiert nichts völlig Unerwartetes mehr, spielt der Niederländer auch in der kommenden Saison leihweise bei @RBLeipzig. Spieler & Clubs wollen zügig finale Klarheit – vor allem auch, weil Xavis Urlaub zum Ende der kommenden Woche abläuft.… pic.twitter.com/MAmh3Obf4F
— Philipp Hinze (@philipphinze24) July 26, 2024
Одморот на Чави Симонс завршува за неколку денови и тој треба да знае каде треба д се врати во тренажен процес.