Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ имаше неуспешен настап во квалификациите на 400 метри слободен стил. Тинејџерот кој има само 16 години, заврши како последен, петтопласиран во својата група.
Тоа што беше поразочарувачки е резултатот на Ѓуретановиќ. Талентираниот пливач имаше време од 4 минути, пет секунди и 38 стотинки, што е речиси три секунди послабо време од неговиот личен рекорд и времето со кое беше пријавен за настап на Игрите во Париз. Ова време на Ѓуретановиќ е и речиси пет секунди послабо од националниот рекорд на Македонија кој го држи Марко Блажевски.
Ѓуретановиќ беше првиот од шестмината македонски спортисти кои се дел од Игрите во Париз.