Им ја утнаа химната, па екс кошаркар на МЗТ испиша историја на Јужен Судан

Репрезентацијата на Јужен Судан го победи Порторико со 90-79, и може да се надева на место во четвртфиналето на олимпискиот турнир во кошарка за мажи. Во оваа група се и САД и Србија, па африканската селекција ќе проба да направи сензација, или како една од најдобрите третопласирани да оди понатаму.

Пред мечот, организаторите направија голем пропуст, на Јужен Судан му ја пуштија суданската химна. Јужен Судан се отцепи од Судан во 2011 година, а двапати беа во војни кои траеја вкупно 39 години.

Инаку, некогашното крило на МЗТ Скопје, Нуни Омот, влезе во историјата како прв кошаркар кој постигнал поен за Јужен Судан на олимписките игри. Омот на мечот со Порторико имаше 12 поени и 6 скока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести