Халанд: Заморени сме од фудбалот, тешко е да се играат 70 мечеви за една сезона

Ѕвездата на Манчестер сити Ерлинг Халанд се пожали за тоа колку многу натпревари мора да одиграат фудбалерите во текот на една сезона. Според Халанд, УЕФА мора да превземе некои мерки да се намали бројот на натпревари и да се реши тој проблем.

Халанд беше еден од ретките супер ѕвезди кои имаше шанса ова лето подолг период да одмори затоа што тој со неговата Норвешка не обезбеди место на Европското првенство во Германија. Голгетерот вели дека токму мечевите на континенталниот собир покажале колку фудбалерите се исцрпени од многуте натпревари кои ги играат во една сезона.

„На Европското првенство се виде колку се уморни фудбалерите. Дури и по изразот на лицата на навивачите се гледаше дека се заморени од толку многу фудбал. Некои играчи едноставно немаа време да се одморат пред почетокот на новата сезона. Затоа не може да се очекува на секој меч да се игра на највисоко ниво. Едноставно тешко е да се одиграат 70 натпревари во една сезона“, вели Халанд кој има 24 години.

Голгетерот вели дека Манчестер сити и во новата сезона ќе атакува на освојување на титулата. Халанд е задоволен од составот со кој располагаат Граѓаните и дека нема да има многу потреба од промени во составот.

„Во составот ништо не ни недостасува. Во изминативе неколку години тоа што го постигна клубот е за почит. Четири пати по ред сме шампиони во Англија, а бевме и прваци во Лигата на шампиони“, додава Халанд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести