Британскиот натпреварувач во скокови во вода, Том Дејли, го освои петтиот олимписки медал во петтиот настап на едни Олимписките игри.
30-годишниот Дејли, во тандем со Ноа Вилијамс освои сребрен медал на скоковите од висина од 10 метри и стана херој на нацијата.
Приказната е и повеќе од инспиративна. Том Дејли се откажа од спортот и неколку години не се натпреваруваше, но потоа ја исполни желбата на неговиот син Роби, кој сакаше да го гледа како настапува на Олимписки игри.
Се врати во базенот, тренираше напорно и успеа да стигне до сребрен медал на ЛОИ во Париз.
„Да се натпреварувате пред својот син кој ме замоли да се вратам на спортот, е навистина посебна работа. Сега имам по една од сите медали, го комплетирав сетот и нема посреќен човек од мене на светот“, изјави Том Дејли.
Five Olympic medals in five Games😮
— The Olympic Games (@Olympics) July 29, 2024
With his diving teammate Noah Williams, @tomdaley1994 completes his Olympic medal set, adding a #Paris2024 silver 🥈 to his collection, which already boasts a gold 🏅 and three bronze 🥉medals from previous Olympic appearances.@WorldAquatics pic.twitter.com/hizEZoiCWV