Стрелците Аруновиќ и Микец го донесоа првото злато за Србија

Српските стрелци Зорана Аруновиќ и Дамир Микец освоија златен медал на Олимписките игри. Тоа е прво злато за северниот сосед на ЛОИ во Париз, а вкупно 15-ти медал за Србија на Олимписките игри.

Зорана Аруновиќ и Дамир Микец поведоа во финалето со 2:0 по првата серија, но потоа следеше голема криза. Турците погодуваа подобро серија по серија и поведоа со огромни 8:2.

Сепак, дојде периодот и на Зорана Аруновиќ со 10,2 и Дамир Микец со 10,3 кои поентира, а потоа со уште две „десетки“ го намалија резултатот на 8:6.

Следеше израмнување на 10:10, а потоа и нов „ролеркостер“, Дикеч се распука и со четири хита преку 10 по ред им донесе на Турците предност од 14:12 и пукање за титулата.

Сепак, Зорана Аруновиќ и Дамир Микец беа најдобри кога беше најтешко, повторно израмнија, но дочекаа и грешка на Дикеч со 9,1 и Србија го освои златниот олимписки медал.

- Оглас -

Најнови вести