Голем број на бразилски фудбалери изминативе 30-тина години настапуваа за македонски екипи, но сега македонски фудбалер направи трансфер во Бразил. 19-годишниот Пане Гогов потпиша за бразилскиот второлигаш Амазонас, а овој трансфер е само уште еден доказ за одличната соработка на Тиквеш и екипата од Бразил.
Пред почетокот на подготовките за настапот во Конференциската лига, од кавадаречкиот прволигаш објавија дека постигнале договор за соработка со екипата на Амазонас и неколку бразилци пристигнаа во Кавадарци, а сега и фудбалер на Тиквеш се сели во Бразил. Младиот Гогов веќе пристигна во новата средина и тренира со екипата, но и го очекува своето деби за екипата до 20 години на Амазонас.