Пјуник со гол во последните моменти ја елиминираше Струга Трим Лум (Видео)

Ерменски Пјуник останува најголемиот „душман“ на македонските клубови во европските купови. Вечерва во Ереван, Пјуник ја победи Струга Трим Лум со 3-1 и го елиминираше македонскиот првак од квалификациите во Конференциската лига.

Победничкиот гол за Ерменците беше дело на Коваленко во 96-та минута.

Така, стружани се петтиот клуб после Победа, Тетекс, Вардар и Шкупи, кој бил елиминиран од Пјуник. Ерменците во следното коло ќе играт со Диферданж или Ордабаси.

Ова е голот кој значеше крај за македонските клубови во еврокуповите за оваа сезона:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести