Ѓоковиќ се пожали на условите: „Променив четири маици за време на натпреварот“

Новак Ѓоковиќ без загубен сет стигна до пласман во четвртфиналето на Летните олимписки игри во Париз. Во осминафиналето беше подобар од германецот, Доминик Кепфер, а веднаш после мечот се пожали на тешкото време за игра во Париз.

„Ова беше најтешкиот ден на ЛОИ што се однесува до временските услови. Неверојатно спарно, посебно на стадионот кој беше исполнет. Условите беа за двајцата исти, но мора да се прилагодиме. Многу се потевме, ова ми е четврта маица на овој натпревар.“ – рече Новак Ѓоковиќ.

Противник на србинот во четвртфиналето ќе му биде гркот, Стефанос Циципас, тенисер кој е специјализиран за игра на земјена подлога.

- Оглас -

Најнови вести