Завршницата на рагби турнирот во женска конкуренција на Летните олимписки игри во Париз донесе големи возбудувања. Нов Зеланд со победата од 19-12 над Канада дојде до златниот медал, но вистинска драма се случуваше на мечот за третото место помеѓу Австралија и САД.
Австралијките имаа предност од 12-7 на 10 секунди до крајот и веќе можеа да започнат да го прославуваат освојувањето на бронзениот медал, но така не мислеше американката, Алекс Седрик, која откако успеа да се ослободи од противничката рагбистка, го претрча целиот терен и освои поени за бронза на САД, воедно и прв медал во историјата на овој спорт за нејзината земја.
I dont know nothin about no Rugby but THIS was the most electric thing ive in the Olympics thus far ❗️
Shout out to the Women’s US Rugby team on winning their first metal in walk off fashion #Olympic2024 pic.twitter.com/6LsyCpZ0Ku
— 𝒦. 𝒲𝓇𝒾𝑔𝒽𝓉 (@MMMMBandit) July 30, 2024