Астон Вила се вклучи во трката за Лукаку, Наполи може да извиси

Англискиот премиерлигаш Астон Вила изненадувачки се вмеша во борбата за потписот на напаѓачот Ромелу Лукаку. Белгиецот се сметаше за сигурно засилување на Наполи, но според сите изгледи, договорот е далеку од комплетиран.

Желбата на фудбалерот е да го облече дресот на „наполитанците“ и повторно да игра под раководство на Антонио Конте. Сепак, Наполи до овој момент не успева да ги исполни условите на Челси – клубот кој ги држи правата на Лукаку.

Во последните часови, интерес за услугите на Лукаку изрази друг англиски премиерлигаш, Астон Вила. Според шпекулациите од Островот, тимот од Бирмингем е подготвен да ги задоволи барањата на Челзи.


Откупната клаузула во договорот на Лукаку е во висина од 44 милиони евра, што засега го спречува неговиот трансфер во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести