Голем малер: Пет минути заигра за Реал и тешко се повреди (Видео)

Милан го победи Реал Мадрид со 1-0 во пријателскиот натпревар одигран во Чикаго. Решавачкиот гол го постигна Самуел Чуквуезе во 55-тата минута.


Бидејќи се работеше за пријателски натпревар, тренерите на двете екипи Карло Анчелоти и Пауло Фонсека направија по десетина замени.


На почетокот од второто полувреме во игра во тимот на Реал влезе и Цезар Паласиос (19), шпански офанзивен играч од средниот ред кој првпат настапи за првиот тим.
Шпанскиот медиум „АС“ го нарекува еден од „дијамантите“ на клупската академија.

За жал, нема да го памети по добро своето деби. Само пет минути откако стапна на теренот, неговото колено настрада во дуел со дефанзивецот на Милан, Малик Тијао.

Палациос остана да лежи на теренот и се фати за коленото. Лекарите му пријдоа, а Анчелоти веднаш го повлече од игра.

„Паласиос има проблеми со коленото, не изгледа добро“, изјави Анчелоти по натпреварот.

Потоа и шпанските медиуми објавија дека Паласиос е потешко повреден. Станува збор за проблем со предните вкрстени лигаменти, поради што ќе ги напушти подготовките на Реал Мадрид во САД и ќе се врати во Шпанија. Ќе направи дополнителни прегледи за да се утврди дали е потребна операција.

- Оглас -

Најнови вести