Уште една контроверзна боксерка која лани не го поминала тестот за пол ја расплаче противничката

По скандалот со настапот на алжирската боксерка Иман Келиф, сега има нов сличен случај на турнирот на Игрите во Париз. Келиф во првото коло ја победи италијанската противничка Анџела Карини, а мечот траеше само 46 секунди, откако Карини го предаде поради неподносливо силните удари кои ги добила во главата.

Фелиф минатата година беше суспендирана од страна на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБФ) откако беше потврдено дека има зголемен број на тестостерон, кој е над дозволената граница за жени, но од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), дадоа зелено светло за нејзин настап на Игрите, затоа што во графата од пасошот стоело дека е жена.

Келиф очигледно не е единствената таква боксерка која настапува, а има зголемен број на тестостерон, кој е над дозволената граница за жени. Боксерката од Тајланд Лин Ју-тинг истотака не го пројде ИБА тестот за пол и немаше дозвола за настап на Светското пренство лани, но сега е дел од ЛОИ во Париз.

Во првото коло Лин Ју-тинг во три рунди на поени ја победи Ситора Турдибекова од Узбекистан. Боксерката од Узбекистан со солзи во очите го напути рингот и салата, а потоа не сакаше да даде изјава за медиумите.

- Оглас -

Најнови вести