Новак Ѓоковиќ без многу проблеми го победи Лоренцо Мусети од Италија со 2:0 во сетови и на тој начин се пласираше во финалето на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз. Во финалето, Србинот ќе игра против Карлос Алкарас, што ќе биде реприза на финалето од Вимблдон кое се играше пред помалку од еден месец.
Популарниот Ноле немаше многу проблеми против Мусети, но возбудливо беше посебно во првиот сет. Ѓоковиќ водеше со 5:4, Мусети беше на сервис и имаше 40:0, но тогаш следуваше фантастична игра на најдобиорт тенисер на сите времиња. Со пет поени по ред Ѓоковиќ стигна до првиот брејк кој му беше доволен за добивање на првиот сет со 6:4.
Во вториот сет неизвесно беше во првите четири гема кои завршуваа со брејкови и беше 2:2. Потоа Ѓоковиќ го засили темпото и ги доби следните четири гема за 6:2 и победа која го одведе до првото олимписко финале во кариерата.
NOVAK DJOKOVIC IS INTO HIS FIRST OLYMPIC GOLD MEDAL MATCH!!
CAREER GOLDEN SLAM ON THE LINE ON SUNDAY 🥇 pic.twitter.com/ABuCovUSDE
— Bastien Fachan (@BastienFachan) August 2, 2024
Досега Ѓоковиќ имаше три полуфинални дуели на ЛОИ, но никогаш немаше пласман во финалето.