Атлетико Мадрид е хит на летото: Договорен уште еден супер трансфер, плус една одлична размена на играчи

Атлетико Мадрид е еден од најактивните клубови во летниот преоден рок, нешто што не беше карактеристично во изминатите неколку години. Најчесто тренерот Диего Симеоне се држеше резервирано кога се работи за драстична промена во составот, но сега не е така.

Неколку првотимци си заминаа од мадридскиот гигант, а тука најмногу предничат заминувањата на Алваро Мората и Стефан Савиќ. Си заминаа и Марио Хермосо, Мемфис Депај, Каглар Сунчу и Саул Нуњес, кои беа значајни алки во тимот на Симеоне.

Од друга страна, во нови играчи на Атлетико беа промовирани норвешкиот репрезентативец Александер Сорлот за 32 милиони евра и Робин ле Норманд за 35 милиони евра. Јорганџиите очекуваат во следниве 24 часа да официјализираат уште двајца нови фудбалери.

Конор Галахер од Челзи треба да ги помине лекарските прегледи за да биде нов играч на Атлетико. Од друга страна, Атлетико во Челзи ќе го испрати Саму Омородион кој важи за еден од најталентираните млади фудбалери.

Покрај Галахер во Атлетико се очекува пристигнување и на ѕвездата на Манчестер сити, Хулијан Алварес. Напаѓачот јавно кажа дека е незадоволен од минутажата која ја добива во Сити и затоа многу веројатен е трансферот во Атлетико Мадрид, кој е подготвен да плати дури 75 милиони евра за Аргентинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести