Кер: Освен Јокиќ, што ли Србите имаат уште во ракавот?

Стив Кер, селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, зборуваше пред вечерашниот натпревар (21 часот) против Србија во полуфиналето на Олимписките игри.

Двете селекции во последно време одиграа два натпревари, и двата ги доби тимот на Стив Кер, од кои еден во групната фаза во Лил.

Тогаш Американците со убедливи 26 поени разлика (110:84) ги победија српските кошаркари, па затоа ги повика своите играчи на внимателност.

„Не смееме да се олабавиме само затоа што двапати ги победивме. Мораме да бидеме подготвени за нивниот најдобар перформанс. Мораме да размислуваме за тоа што ќе прават поинаку“, изјави Кер.

„Јокиќ, претпоставувам дека би можел да игра 40 минути. Што ли уште имаат во ракавот?“, се прашува селекторот на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести