Француските одбојкари го грабнаа олимпиското злато, откако ја фрлија Полска на колена

Одбојкарите на Франција се нови олимписки шампиони откако во финалето ја збришаа селекцијата на Полска со 3-0 во сетови. Никој не очекуваше дека Триколорите ќе бидат толку доминантни против Полска, која важеше и за умерен фаворит.


Сепак, Французите, носени на крилјата на публиката, го освоија првиот сет со 25-19, по што проработе и гротлото во арената „Јужен Париз“.

Избраниците на Андреа Џани релативно лесно го добија и вториот сет со 25-20, а во третиот имаат дури пет сет меч топки. Полска успеа да спаси четири, но на крајот сепак Французите го комплетираа триумфот со 25-23 во третиот сет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести