Дани Олмо после 10 години се врати во Барселона, но сега во сениорската екипа. Тој во 2014-тата година се пресели во Динамо Загреб уште како младинец, а потоа направи трансфер во Лајпциг за 29 милиони евра.
Сега Барселона го откупи од бундеслигашот за 55 милиони евра и се очекува негово деби за првата екипа на неговиот матичен клуб.
„Дојдов за да победувам и да ги освоиме сите можни трофеи. Ние сме Барселона и треба да се бориме за сите титули. Пресреќен сум, ми се исполни сонот. Мило ми е што се вратив дома, кај семејството, соиграчите од репрезентација … Сега почнува ново поглавје. Со нетрпение чекам да започне новата сезона. Подготвен сум.“ – рече Олмо за клупската телевизија на Барселона.