Ванјони со трет најдобар резултат во историјата ја продолжи кениска доминација на 800 метри

Кениецот Емануел Ванјони ја продолжи доминацијата на на својата земја на 800 метри и петтипат по ред донесе олимписко злато за Кенија во оваа дисциплина. Ванјони патеката од два круга ја истрча за 1:41.19, што претставува трет најдобар резултат во историјата на 800 метри, а второпласираниот, Марко Ароп од Канада задоцни само една стотинка и со четвртото најдобро време во историјата дојде до среброто.

На третата позиција на 800 метри заврши Џамел Сеџати од Алжир со време 1:41.50.

Кениската доминација на 800 метри започна на Олимпијадата во Пекинг, кога победи Вилфред Бунгеи, а Дејвид Рудиша на игрите во Лондон го постави светскиот рекорд од 1:40.91, резултат кој и денес е ненадминат.

- Оглас -

Најнови вести