Тебого и Бол не успеаја: Американците доминантни на штафетните трки на 4х400 метри

Двете американски штафети на 4х400 метри во машка и женска конкуренција дојдоа до златните медали на затворањето на стадионските атлетски дисциплини на Летните олимписки игри.

Женската штафета на САД на 4х400 метри убедливо победи со резултат 3:15,27, само една десеттинка послабо од светскиот рекорд. Одличната Фемке Бол со пеколен финиш ѝ донесе сребро на Холандија, додека бронзата ја освои штафетата на Велика Британија.

Машката штафета на 4х400 метри со нов олимписки рекорд од 2:54.43 дојде до златниот медал пред Боцвана, чија штафета задоцни за само една десеттинка. Американците го подобрија својот олимписки рекорд од Пекинг за речиси една секунда. Бронзениот медал го освои штафетата на Велика Британија.

Резултатите на САД и Боцвана во штафетната трка на 4х400 метри се втор и трет најдобар во историјата, позади оној неверојатен светски рекорд на американците од Светското првенство во Штутгарт во 1993-тата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести