Македонија поразена во пет сета, Израел го освои Меморијалот „Чајка“

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби во мечот за првото место на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ од селекцијата на Израел со 2-3. Трофејот од 48-мото издание на најреномираниот одбојкарски турнир кај нас патува за Израел, второто место го освои Македонија, додека третата позиција со два порази им припадна на одбојкарите од Косово.

Израел ги освои првите два сета со минимални 24-26 и 22-25, но Македонија возврати со иста мера и ги доби третиот и четвртиот сет со 25-22 и 26-24. Во тај-брејкот израелците беа поуспешни со 15-9. Никола Ѓорѓиев освои 24 поени и беше најдобар поединец во нашата селекција, додека Александар Љафтов успеа да освои 19 поени.

Настапот на турнирот во Струмица беше генералка пред двата квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство, против Грузија на гости и Грција на домашен терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести