Јокиќ и другарите бронзата од ЛОИ ја прославија пеејќи „Македонско девојче“ (Видео)

На социјалните медиуми се појави видео на кое може да се видат Никола Јокиќ и останатите кошаркарски репрезентативци на Србија како бронзата на Летните олимписки игри ја слават со песната „Македонско девојче“.

Кошаркарите во еден глас ја пеат песната која важи за неофицијална химна на женските репрезентации на Македонија, а први кои ја започнаа таа пракса беа ракометарките кои на Светското првенство во 1997-мата во Германија го освоија седмото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести