Американецот не одбил да го подели златото, причината е паричната награда за победникот

Неверојатно звучи приказната за американскиот атлетичар, Шелби Мекеванс, кој имаше златен медал во скок во височина, но се одлучи да оди на дополнителни скокови и на крајот мораше да се задоволи само со сребрен медал.

Сепак, и Мекеванс и Кер ја потврдуваат приказната дека двајцата се договориле да одат на дополнителни скокови, а една од причините е и паричната награда од 50.000 долари, која во случај на поделба на медал, ќе требало да ги поделат и парите.

„Разговаравме, тој предложи да скокаме за златото. Јас во потполност се согласив. Тој прв го предложи тоа, а јас се согласив. Во еден момент почувствував замор и би прифател поделба, но го почитував договорот.“ – рече Мекеванс.

Слична е и приказната на Хамиш Кер од Нов Зеланд, новиот олимписки шампион во скок во височина.

„Беше тоа посебен момент за скокот во височина. Работата беше да се испише историја на поинаков начин. Јас ќе бев горд ако завршев втор после дополнителните скокови, веројатно и повеќе од тоа што сум сега со златото. Тоа веќе се имаше случено, затоа за мене беше најважно да испишеме историја.“ – вели атлетичарот од Нов Зеланд.

Сепак, улога во целата ситуација има и паричната награда од 50.000 долари.

„Имам семејство кое морам да го гледам.“ – вели американецот на прашањето дали една од причините е и паричната награда.

- Оглас -

Најнови вести