Американките ја добија драмата во последниот олимписки настан, познат конечниот поредок по бројот на освоени медали

Кошаркарките на САД го освоија златниот медал, откако во драматичен меч со 67:66 ја победија селекцијата на Франција. Американките беа големи фаворити за златото и во најголемиот дел од првото полувреме имаа предност, но на крајот од втората четвртина резултатот беше израмнет 25:25.

Нејверојатно мал број поени беа постигнати во првите две четвртини, а тоа беше и најава дека може да се очекува неизвесна завршница. Во третата четвртина Франција започна со серија од 10:0 и поведе со 35:25, но на крајот од оваа четвртина САД заврши со предност од два поени, 45:43.

Американките водеа со 65:61, потоа стигнаа на еден поен негатива, но немаа сили ни време да направат чудо, па златото остана за Американките.

На крајот, ова беше 40-ти златен медал за САД, земја која е најуспешна на Игрите во Париз. Освен 40-те златни медали, Американците имаат и 44 сребра и 42 бронзени медали, што значи дека на крајот освоија вкупно 126 медали.

Со 40 златни медали заврши и Кина, но оваа земја има 27 сребра и 24 бронзени медали, односно вкупно 91 одличја. Третото место на конечната листа е за Јапонија со 20 злата, 12 сребра и 13 бронзи.

- Оглас -

Најнови вести