Миовски во солзи се збогува со фановите на Абердин, прави трансфер во Џирона (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на емотивен начин се збогува со навивачите на Абердин, каде мина прекрасни моменти во изминатиот период. Ова е и дефинитивно „збогум“, бидејќи напаѓачот е на чекор до трансфер во шпанскиот прволигаш Џирона.

Миовски не беше дел од тимот на Абердин против Сент Мирен, остана на клупата за резерви, но по завршувањето на мечот отиде да ги поздрави навивачите и истовремено да се збогува.

На почетокот на идната седмица тој треба да го реализира трансферот во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести