„Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) има доминантен збор во организацијата на Олимписките игри и не ја оценил целосно безбедноста на спортистите,“ изјави министерот за спорт и младина на Италија, Андреа Абоди, за весникот „Ла Верита“, сумирајќи ги резултатите од Игрите што завршија синоќа во Париз.
„МОК ги потцени условите и гаранциите за безбедност на спортистите. Потребни се јасни и конкретни правила при организирање на Олимписки игри,“ рече Абоди, коментирајќи низа епизоди што предизвикаа контроверзии – од алжирската боксерка Имана Хелиф до незадоволителната хигиенска состојба на реката Сена.
„Сена не е соодветна за пливање“, изјави Абоди и забележа дека Игрите го поделија Париз на два дела, додека импозантните и впечатливи спортски објекти покрај познатите знаменитости во француската престолнина, ќе му останат на градот по завршувањето на натпреварувањата.
Во врска со критикуваната церемонија на отворањето на Игрите, Андреа Абоди истакна дека „таа не ги одразува олимписките традиции и вредности.“