Саудијците понудиле 400 милиони евра за Винисиус, но Реал бара – милијарда евра!

Бразилскиот напаѓач Винисиус јуниор доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија да му се придружи на актуелниот првак Ал-Хилал. Саудијците на Реал Мадрид му нудат 400 милиони евра отштета, што е речиси двојно повеќе од актуелниот светски рекорд за најскап трансфер кој сѐ уште го држи ПСЖ за ангажманот на Нејмар, кога плати 222 милиони евра.

Саудијците дури почувствувале потреба директно да разговараат со генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез, и да му ја соопштат огромната понуда. Сепак, тој само ги потсетил дека откупната клаузула на Винисиус е една милијарда евра.

Реал Мадрид нема потреба да го продаде Винисиус, ниту пак тој сака да замине во Саудиска Арабија во најдобрите години од својата кариера, иако тоа би го направило најплатениот играч на планетата и, заедно со Кристијано Роналдо, амбасадор на лигата и државата во борбата за организација на Светското првенство во 2034 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести