6824 Макаби ТА – Паневезис (20:30)
Макаби Тел-Авив на првиот натпревар победи со 2-1 на гостувањето во Литванија, но денес, на условно домашен терен со оглед на воените дејствија во Израел, ќе се обиде со убедлива победа да го потврди пласманот во плејофот. Мечот ќе се одигра во унгарскиот град Сомбатели, а Израелците ќе бркаат висока победа за да дојдат на чекор од групната фаза на Лигата на Европа, а со тоа ќе си го обезбедат пласманот најмалку во групите од Конференциската лига.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.08)
6818 П’лзењ – Кривбас (19:00)
Екипата на П’лзењ е голем фаворит за победа над украинскиот Кривбас и ќе се обиде со уште една победа да дојде до плејофот од Лигата на Европа. Екипата од Чешка на првиот натпревар, кој се одигра во Кошице, Словачка, победи со 2-1, а во пресрет на овој натпревар забележа и победа од 5-0 над Карвина во домашното првенство.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.79)
6816 Рапид Виена – Трабзонспор (18:00)
Рапид Виена победи со 1-0 на гостувањето кај Трабзонспор, па составот за којшто настапува Енис Барди нема што да брани на гостувањето во Австрија и ќе мора да нападне од првата минута. Тоа е гаранција за голови на мечот во Виена.
Предлог тип: : ГГ и 3+ (1.85)
6820 Серкл Бриж – Молде (20:00)
Молде победи со 3-0 на првиот натпревар, па вечерва ќе може опуштено да влезе во мечот во Белгија, но за разлика од нив, домашните ќе мора жестоко да нападнат и да се обидат да ја анулираат негативата. Головите се загарантирани на натпреварот во Бриж и со сигурност ќе ги има и во првото и во второто полувреме.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.82)
6822 Лугано – Партизан (20:30)
Партизан загуби дома од Лугано и го доживеа третиот европски пораз ова лето, па гостувањето во Швајцарија е можност да го поправат впечатокот. Сепак, екипата од Белград и на дуелите против Динамо Киев покажа дека одбраната не им е најдобрата страна, па Лугано ќе се обиде тоа да го искористи и да го потврди пласманот. „Црно-белите“ нема што да бранат вечерва, па головите во Лугано се загарантирани.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.82)