Јокиќ е незадржлив и во кафеана: Качен на стол ја пее „Проклета е Америка“ (Видео)

По завршувањето на Олимписките игри во Париз, Никола Јокиќ постојано е во центарот на вниманието, и тоа поради неговото однесување надвор од теренот. Јокиќ многу често може да се види како се весели и како пее. Така беше и на последниот негов „јавен настап“, на свадбата на кошаркарот Немања Дангубиќ и одбојкарката Катарина Лазовиќ.

Јокиќ беше еден од највеселите на свадбата, а во еден момент, високиот кошаркар се качи на столче и со кренати раце почна да ја пее хит песна „Проклета е Америка“. Покрај Никола е и неговата сопруга Наталија, која игра во ритамот додека Јокиќ е во прв план.

https://twitter.com/i/status/1824161659952263190

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести