На Арне му тргна арно како менаџер на Црвените, Салах испиша историја (Видео)

Ливерпул беше подобар од Ипсвич со 2-0 во првиот денешен премиерлигашки натпревар, а после два одиграни меча во новата сезона, Црвените се први на табелата и нивните навивачи со песни го прославија лидерството.

Ипсвич за првпат после 22 години заигра меч од Премиер лигата, и го плати данокот на неискуството.

Од друга страна, Арне Слот тргна со триумф како менаџер на Црвените, и веднаш на неговиот прв официјален меч на клупата фановите го скандираа неговото име.

Мохамед Салах имаше гол и асистенција, и тој е најопасниот фудбалер во историјата на Премиер лигата кога станува збор за мечеви од прво коло. Египќанецот е рекордер со 9 постигнати голови, а има и пет асистенции на средби во првите кола од англискиот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести