Манчестер сити знае да победува и без Родри, Халанд е експерт за голови во прво коло (Видео)

Манчестер сити со победа од 2-0 на дерби гостувањето кај Челзи, ја почна одбраната на титулата во англиската Премиер лига.

Ерлинг Халанд во претходните две сезони, даваше по два гола во прво коло, а денеска на својот 100-ти настап за Сити, погоди рано, негов 91-ви гол за Граѓаните, но остана на тој „само“ еден гол. Норвежанецот четири сезони по ред дава гол на мечеви во прво коло.

Инаку, Сити имаше четири порази на претходните пет меча на кои не играше Шпанецот Родри. Денеска Родри не беше во составот поради повреда, но тимот на Пеп Гвардиола ги освои трите бода.

Победата на Сити ја потврди Матео Ковачиќ кој даде убав гол, но не го славеше, од почит кон клубот во кој мина пет сезони и од кој лани се пресели во Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести