Зголемени квоти за победи на Јувентус, Тотенхем, Аталанта, Атлетико Мадрид…

Интересена комбинација од повеќе спортови има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Најатрактивни секогаш се фудбалските пресметки, затоа што на нив, освен за фиксови, може да се одиграат и комбинации на голови. Има дури девет меча, од кои некои се посебно интересни.

Јувентус дома е голем фаворит за победа над Комо, а зголемениот „кец“ е на квота од 1.43. Аталанта гостува кај Лече и за победа на тимот од Бергамо се дава коефициент од 2.05, додека на „двојка“ мириса и дуелот Енерџи Котбус – Вердер Бремен, каде што за радост на гостите се проценува квота од 1.47.

Од тенисите, Арина Сабаленка за победа на Пегула има квота од 1.48, додека најдобриот тенисер во светот според АТП-листата, Јаник Синер, ќе игра против Тијафо. Возбудувањата во Супер типот ќе се комплетираат со два бејзбол дуела, на кои фаворити за победа се Аризона и Сан Франциско.

- Оглас -

Најнови вести