Новата сезона во најсилните фудбалски лиги започна, а тоа е знак дека треба да започнат и возбудувањата во новата, седма по ред сезона на Спортска прогноза на Sport Life. Како и секоја од претходните години, играњето на Спортска прогноза е бесплатно за сите корисници на Sport Life картичка, а тоа е можност да се стигне до некој од вредните подароци.
Стандардно, во секое коло ќе има по 13 главни пара, плус две резервни двојки, а главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на основните 13 пара.
За перфектно прогнозирање, односно 13 погодоци, прогнозерот ќе си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Подароци има и и за оние коишто ќе имаат една или две промашени. Со 12 погодени пара се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.
Важно е константно да се игра секое коло на Спортска прогноза затоа што се собираат и вкупниот број погодени мечеви, а на крајот од сезоната следуваат подароци за најдобрите, и тоа: Најдобриот на крајот од сезоната ќе добие Ваучер од „Анхоч“
во вредност од 30.000 денари, за вториот следуваат 500.000 SL Market поени, за третиот ќе има 400.000 SL Market поени, за четвртиот ќе има 300.000 SL Market поени и 200.000 SL Market поени за петопласираниот во генералниот пласман.
Во првото коло од новата седма сезона има мечеви од Топ 5 лигите во Европа. Возбудувањата во првото коло ќе започнат со дуелот меѓу Брајтон и Манчестер јунајтед, кој ќе се игра во сабота од 13:30 часот. Од поинтересните дуели тука се Фрајбург – Штутгарт, Лион – Монако, Осасуна Мајорка, Удинезе – Лацио…
Комплетниот распоред на паровите за првото коло може да го најдете на Sport Life и веднаш да ги дадете вашите прогнози.