По одличните настапи на Олимписките игри во Париз, Алекса Аврамовиќ, доби нов клуб. Иако многумина веруваа дека српскиот репрезентативец ќе заигра во НБА-лигата, тој сепак реши да остане во Ервопа. Многумина чекаа неговата следна дестинација да биде на Запад, но тој се реши да оди на Исток и потпиша за тимот на ЦСКА Москва.
Аврамовиќ во претходните три години го носеше дресот на Партизан и под водство на Желјко Обрадовиќ се промовираше во еден од најдобрите играчи во Европа. За него се интересираа голем број клубови, а неговиот менаџер, познатиот Мишко Ражњатовиќ, откри дека ЦСКА е следниот предизвик за Србинот.
„Алекса Аврамовиќ ќе игра за ЦСКА Москва во наредната сезона“, постираше Ражњатовиќ на социјалните мрежи.
Аврамовиќ освен за Партизан, има играно и за екипите на Борац Чачак, Београд, Варесе, Магала и Естудијантес. Со репрезентацијата на Србија го освои бронзениот медал на неодамна завршените ЛОИ во Париз, а тој имаше просек од 10 поени, три асистенции и два скока на меч. Беше прогласен и за најдобар дефанзивец на турнирот во Париз.