Баер Леверкузен продолжи по старо, со гол во 90+11 минута стигна до победа

Актуелниот германски првак Баер Леверкузен победнички ја започна новата сезона во Бундеслигата и тоа на гости кај Борусија Менхенгладбах со 3:2. Баер Леверкузен во минатата сезона на повеќе од 10 меча постигнуваше голови длабоко во судиското надополнување, погодоци кои носеа победи за нив или ги спасуваа од пораз, а таа пракса продолжи и сега. Победничкиот гол за Фармацевтите беше постигнат во 90+11 минута.

Баер Леверкузен одлично го започна мечот и со головите на Џака и Вирц имаше предност од 2:0 по првото полувреме. На почетокот од вториот дел, домашните фудбалери започнаа многу поофанзивно и тоа им се исплатеше.

Елведи даде гол за 1:2 во 59 минута, а во 85 минута беше 2:2 кога Клајденст донесе нова радост за домашните фанови.

Сепак, туку не беше крајот на возбудувањата. Судијата покажа дека ќе се играат дополнителни 10 минути, а буквално во 10-тата минута, по прегледување на една ВАР снимка, беше досуден пенал за гостите. Ударот на Вирц од белата точка го одбрани домашниот голман, но топката се одби повоторно до голгетерот на Фармацевтите кој погоди за победа од 3:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести