Омразениот Перес во 95 минута ја шокираше Севилја и донесе победа за Вилјареал (Видео)

Вилјареал со 2:1 славеше на гостински терен кај Севилја, во дербито на второто коло во Примера дивисион. Само што започна мечот, започнаа и возбудувањата. Во 75 секунда, гостите стигнаа до предност од 1:0 со голот на Данџума.

Севилја не се предаде и буквално во последните моменти од првиот дел, израмни на 1:1. Лукебакио погоди за радост на домашните фанови.

Во второто полувреме немаше погодоци, но кога започна да се игра судиското Вилјареал даде погодок за победа од 2:1. Се играше 95 минута кога некогашниот играч на Бетис, Ајозе Перес погоди за победа на Вилјареал. Перес воопшто не е омилен кај фановите на Севилја ако е знае дека тој беше дел и од најголемиот ривал на андалузискиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести