Најдобриот фудбалер од Копа Америка и официјално се врати во Европа

Најдобриот фудбалер од годинешното издание на Копа Америка, Хамес Родригес, по 15 месеци и официјално се врати во Европа. Репрезентативецот на Колумбија е нов фудбалер на членот на Ла Лига, Рајо Ваљекано, а навивачите на овој клуб од предградието на Мадрид од него очекуваат да биде големо засилување.

Родригес во Шпанија пристигнува како слободен фудбалер откако го раскина договорот со Сао Пауло. Триесет и тригодишниот фудбалер во својата кариера настапуваше и за: Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал-Рајан и Олимпијакос. Во моментов вреди пет милиони евра, додека пред девет години како член на Кралскиот клуб имаше вредност од 80 милиони евра. Во 2014 беше купен од Реал Мадрид за 75 милиони евра од Монако, но не ги оправда очекувањата на „Сантијаго Бернабеу“.

https://twitter.com/RayoVallecano/status/1828054852649263320?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1828054852649263320%7Ctwgr%5E149f43cb20053dd27a86aca117703f4a7030332b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fjames-rodriguez-rayo-vallecano%2F480785

- Оглас -

Најнови вести