Барселона најде начин како да го пријави Олмо, тој може да заигра за Барса веќе утре

Дани Олмо конечно доби право да заигра за Барселона и своето деби ќе го има утре, против Рајо Ваљекано.

Според шпанските медиуми, Барса го регистрирала Олмо како замена за Андреас Кристенсен, кој е повреден и ќе отсуствува подолго време (од два до четири месеца).

Олмо не беше достапен за дуелите против Валенсија и Атлетик во првите две кола од Ла Лига, а клубот постојано бараше начини како да го пријави засилувањето без да го прекрши финансискиот ферплеј.

Кога Кристенсен ќе закрепне, Барса во јануари пак ќе треба да бара начин како да ги запише него и Олмо.

- Оглас -

Најнови вести