Баер Леверкузен со минимална победа над четвртолигаш ја започна одбраната на германскиот Куп (Видео)

Фудбалерите на Баер Леверкузен со минимална победа од 0-1 над четвртолигашот Јена ја започнаа одбраната на трофејот од Купот на Германија. Избраниците на Чаби Алонсо долго се мачеа да ја пробијат одбраната на домашните, а тоа му успеа на Јонас Хофман во 52-рата минута, кога со глава го совлада одличниот голман на Јена и го постави конечниот резултат на овој натпревар.

Чаби Алонсо на овој натпревар ги одмори дел од ѕвездите на екипата, со оглед на тоа дека веќе во сабота ги очекува тежок натпревар во Бундес лигата против Лајпциг на домашен терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести