Динамо Загреб има одлична шанса во 2025 година директно да влезе во Лигата на шампионите

Загрепскиот Динамо има одлична шанса директно да влезе во Лигата на шампионите, без да игра квалификации или плејоф како досега.

Динамо е втор во рангирањето на шампионските тимови кои сезонава не обезбедија директен пласман во ЛШ. Пред него е само Ренџерс.

Ова значи дека ако Ренџерс не биде првак на Шкотска, а таму фаворит за титулата е Селтик, Динамо со освоена титула во хрватската лига ќе влезе директно во ЛШ. Ако ни Ренџерс ни Динамо не бидат шампиони во своите земји сезонава, во 2025/2026 шанса за директно место во ЛШ ќе добијат Шахтар или Салцбург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести