Џејдон Санчо се сели во Челзи, а Рахим Стерлинг во Арсенал

Последните мигови од летниот преоден рок на Островот треба да комплетираат два интересни трансфери во Премиер лигата. Џејдон Санчо го напушта Манчестер јунајтед и прави трансфер во Челзи.

Двата клуба се договорија за едногодишна позајмица, со задолжителен откуп на договорот за сума од 25 милиони фунти. Санчо се сложи да се пресели на „Стемфорд бриџ“ и ќе остане во англискиот фудбал.

Рахим Стерлинг ќе остане и во Лондон, но дресот на Челзи ќе го замени со дресот на Арсенал. Договорена е едногодишна позајмица со која поранешниот англиски репрезентативец ќе се пресели на „Емирати“.

- Оглас -

Најнови вести