Ѓоковиќ: „Ова беше ужасен меч за мене, како одиграв и ова трето коло е успех во моментов“

Новак Ѓоковиќ првпат после 2017-тата нема да освои ниту едне грен-слем трофеј во сезоната. На Австралија опен беше елиминиран во полуфиналето, на Ролан Гарос во четвртфиналето, на Вимблдон го загуби финалето, а на САД опен изненадувачки загуби уште во третото коло од австралиецот, Алексеј Попирин.

„Му честитам на Попирин и на неговата екипа. Беше подобар и ја заслуѓи победата. Што се однесува до мене, од самиот почеток на турнирот, како играв и како се чувствував, ова трето коло е успех. Го одиграв можеби најлошиот тенис во мојата кариера, а сервисот ми беше катастрофа.“ – рече Ѓоковиќ после поразот.

Србинот на САД опен имаше дури 32 двојни сервис грешки, а 14 од нив ги направи на дуелот против Попирин, што негов личен рекорд кога се работи за натпревари на грен-слем турнирите.

„Не може да победите на вака брза подлога без сервис, без шанси за лесни поени, со лош процент на прв сервис и двојни грешки. Не можете. Посебно не против играч како Алексеј кој е во форма и сервира добро и постојано прави притисок на вашиот сервис. Да, ова беше ужасен меч за мене.“ – додаде Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести