Најтрофејниот македонски клуб Вардар не ја започна сезоната според очекувањата. Иако беа најавени многу попозитивни денови за Црвено-црните во новиот шампионат, сепак, по четири кола, Вардар е на дното на табелата.
По дебаклот на Чаир, денеска се случи уште поголем шок за фановите на Вардар, кога нивниот тим на арената „Тодор Проески“ загуби од Воска Спорт со 1-3.
Вардарци повторно беа инфериорни и дозволија лесно бодовите да ги освои противникот.
Навивачката група „Комити“ реагираше по мечот и ги повика фудбалерите од соблекувалната да се вратат пред Западната трибина, а сега упати и нова порака.
„Не сте свесни, колку сме бесни“, порачаа навивачите на Вардар. Веројатно оваа порака е упатена и кон раководството, а пред сѐ кон стручниот штав и кон фудбалерите.