Офанзивецот на Работнички, Петар Петковски, го напушта клубот од Дебар Маало. Тој се враќа во Романија каде повторно ќе го носи дресот на романскиот второлигаш Конкордија Чиајна.
Петковски од овој клуб пред една сезона и пристигна меѓу „романтичарите“.
Раководството на Конкордија му упати нова понуда на Петар Петковски да го носи дресот на клубот и тој прифати повторно да се врати во Романија.