Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на прв собир пред дуелите со Фарски Острови и Ерменија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, денеска ќе ги пречека своите избраници на првиот собир, со што ќе се означи почеток на подготовките пред дуелите со Фарски Острови (7 септември) и Ерменија (10 септември) во Лигата на нациите.

Милевски повика 26-мина фудбалери за овие два меча и нема да има лесна задача како да го состави тимот бидејќи некои од клучните играчи воопшто не се во натпреварувачки ритам, а некои играат многу малку.

За среќа, има и репрезентативци кои се стандардни во своите клубови и кои ќе треба да се наметнат кај селекторот за да добијат шанса, па останува да се види како ќе функционира националниот тим на двата меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести