Кога сите чекаа Пикси да доживее потоп, тој ги изненади: Така се почитуваат својата химна и грбот

Србија успеа да го сопре налетот на актуелниот европски фудбалски првак Шпанија и одигра без голови во првото коло од Лигата на нациите. За Шпанија ова беше прв меч откако ја освои контненталната титула и Црвената фурија веднаш беше сопрена.

За разлика од Шпанците, српската фудбалска репрезентација претрпе многу критики по Европското првенство, на кое не ја поминаа групната фаза, но селекторот Драган Стојковиќ-Пикси остана на кормилото и сега тој го предводеше тимот до ова реми.

„Тежок меч, но знаевме дека ќе биде така. Одигравме по договор како што работевме на тренинзите. Се обидовме да одиграме најдобро што можеме во тактичка смисла. Се подготвувавме за тој шпански стил, а момците покажаа неверојатна дисциплина и пожртвуваност. Затоа и стигна наградата, и тоа против силна селекција како Шпанија. Така се почитуваат химната и грбот на земјата. Срцето ми е полно“, задоволно искоментира Стојковиќ, кој пред мечот имаше многу проблеми околу составот затоа што остана без повеќе стандардни репрезентативци.

И со „крпен“ состав, Пикси не дозволи неговата селекција да прими гол од Шпанија.

„Ја имав таа слика пред себе за тоа како треба да изгледаме. Ако помислите дека можете да играте против нив во зона, да глумите пресинг, тоа е самоубиство. Им го оставиме поседот на топката затоа што тие и така најдобро знаат да играат. Играчите треба да веруваат во тренерот, во тактиката. Ви реков дека ќе видите една храбра Србија и така беше“, гордо изјави популарниот Пикси по ремито со Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести