Деклан Рајс погоди против „својата“ Ирска, но не се радуваше на голот (Видео)

Деклан Рајс и Џек Грилиш постигнаа по еден гол во првото полувреме на дуелот помеѓу Ирска и Англија од Лигата на нации, но она што е интересно, двајцата во минатото беа дел од селекцијата на Ирска.

Рајс откако ги мина сите младински категории на Ирска, одигра и три сениорски натпревари за репрезентацијата, а во 2019-тата одлучи во иднина да игра за Англија, земјата во која е роден, иако неговото потекло е од Ирска. Од почит кон Ирска, тој не се радуваше на голот кој го постигна во Даблин во дресот на Англија.

За разлика од Деклан Рајс, стрелецот на вториот гол за Англија, Џек Грилиш бурно го прослави голот, иако и тој ги мина сите младински категории на Ирска и има потекло од Даблин.

- Оглас -

Најнови вести